Виктор Орбан: „Безбедноста на Унгарија е директно поврзана со Турција“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на одржаната заедничката прес-конференција со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека безбедноста на неговата земја е директно поврзана со Турција

1064875
Виктор Орбан: „Безбедноста на Унгарија е директно поврзана со Турција“
recep tayyip erdogan macaristan'da.jpg
victor orban.jpg

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во говорот што го одржа на заедничката прес-конференција во Будимпешта со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој престојува во официјална посета на неговата земја истакна дека безбедноста на неговата земја е директно поврзана со Турција.

Орбан рече: „Безбедноста на Унгарија е директно поврзана со Турција. Стабилната власта во Турција претставува гаранција за безбедноста и на Унгарија. Турција се наоѓа на маршрутите на миграцијата исто како и Унгарија. За нас е од големо значење Турција да располага со стабилност со која што ќе може да го воспостави мирот во регионот и да ја држи далеку од регионот илегалната миграција.“

Укажувајќи на значењето на договорот за миграцијата што го постигна Турција со Европа, унгарскиот премиер Виктор Орбан рече: „Ние мораме кон Турција да ја покажеме и нашата соработка. И треба да и честитаме на Турција заради тоа што ги отвори своите врати за милиони бегалци. Договорот што го потпиша Турција со Европа е од големо значење од аспект на безбедноста на континентот.“

Освен тоа, Орбан напомена дека турската економија е меѓу најголемите економии во светот и го додаде следното: „Унгарската економија не треба да ја испушти од вид целта на Турција за да влезе меѓу 10-те најголеми економии во светот.“ 

 



Слични вести