Турските органи ќе реализираат истражување во саудискиот Генерален конзулат во Истанбул

МНР на Турција соопшти дека во рамките на истрагата во врска со исчезнувањето на колумнистот на американскиот весник „Вашингтон пост“ саудискиот новинар Џемал Кашикчи, ќе се реализира истражување во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул

1065329
Турските органи ќе реализираат истражување во саудискиот Генерален конзулат во Истанбул

Во врска со случајот со исчезнување на колумнистот на американскиот весник „Вашингтон пост“ саудискиот новинар Џемал Кашикчи, Турција ќе спроведе истражување во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Турското министерство за надворешни работи соопшти дека во рамките на истрагата што беше започната по исчезнувањето на колумнистот на американскиот весник „Вашингтон пост“ саудискиот новинар Џемал Кашикчи кој минатата недела влезе во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул и потоа не можеа да се добијат никакви информации од него, ќе се спроведе истражување во зградата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.   

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој на едно поставено прашање во врска со судбината на саудискиот новинар Џемал Кашикчи, даде писмен одговор.

Велејќи дека од денот на случајот (2 октомври) развојот на настаните во врска со судбината на Кашикчи се следи од близу од страна на судските, полициските и разузнавачките органи на земјата, Аксој рече: „Интензивно продолжува започната истрага од страна на нашите органи за утврдување на судбината на саудискиот новинар Џемал Кашикчи.“

Аксој го додаде следното: „Заедно со тоа што согласно Конвенцијата од Виена за конзуларни работи конзуларните згради располагаат со имунитет, со согласност на шефот на дипломатската мисија,  ќе можат да се реализираат истражувања во конзуларната зграда од страна на надлежните органи на земјата домаќин. Саудиските органи истакнаа дека се отворени за соработка и дека може да се изврши истражување во конзуларната зграда. Во рамките на истрагата ќе се реализира истражување во зградата на конзулатот.“

 



Слични вести