Емине Ердоган се состана со сопругата на унгарскиот претседател Јанош Адер, Анита Херцег

Г-ѓа Емине Ердоган истакна дека активностите кои што ги водат заедно Турција и Унгарија, во Кенија, во сферата на здравството, би можеле да послужат како извор на инспирација и за други проект

1065205
Емине Ердоган се состана со сопругата на унгарскиот претседател Јанош Адер, Анита Херцег

Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган, која го придружува за време на неговата официјална посета на Унгарија, се состана со сопругата на унгарскиот претседател Јанош Адер, Анита Херцег.

Во оваа пригода г-ѓа Емине Ердоган истакна дека активностите кои што ги водат заедно Турција и Унгарија, во Кенија, во сферата на здравството, би можеле да послужат како извор на инспирација и за други проекти.    

Емине Ердоган заедно со Анита Херцег најпрвин го гледаше дефилето на кое што беа презентирани примери од унгарската култура, а потоа на Универзитетот Семелвеис учествуваше на програмата посветена на активностите во сферата на здравството кои што се водат во Кенија под координација на Турција и Унгарија и со помош на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). 

Г-ѓа Емине Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода рече: „Оваа примена е во својство и на прва примена од аспект на пренесување на искуствата на Турција и Унгарија во Африка, во сферата на здравството. Ова успешно искуство кое што покажува колку би можела да биде продуктивна мултилатералната соработка во сферата на здравството, ќе претставува извор на инспирација и за други проекти.“

На крајот на состанокот им беа доделени сертификатите на лекарите кои даваат поддршка на проектот.

Г-ѓа Емине Ердоган беше придружувана од претставници на унгарските власти и сопругите на министрите.

 



Слични вести