Во последната една недела се неутрализирани 23 терористи
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на реализираните операции за воспоставување на внатрешната безбедност во последната една недела се неутрализирани 23-јца терристи

Турските безбедносни сили не им дозволуваат на терористичките организации ниту да здивнат.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на реализираните операции за воспоставување на внатрешната безбедност во последната една недела се неутрализирани 23-јца терористи.
Од страна на министерството беа соопштени и деталите на реализираните операции против терористичките организации во периодот од 1 до 8 октомври.
Според тоа, во наведениот период во последната една недела се реализирани 2.421 операција.
Во рамките на овие реализирани операции за воспоставување на внатрешната безбедност воедно се фатени живи четворица терористи, а 12 терористи им се предадоа на безбедносните сили.
Освен тоа во реализираните операции се притворени и 774 осомничени лица со обвинение дека се членови на терористички организации.
Слични вести

Ердоган: „Нема да застанеме се додека не заврши изградбата на голема и силна Турција“
Минатата година ја затворивме со многу добри резултати во инвестициите и буџетските имплементации