Претседателот Ердоган замина во посета на Унгарија

На покана на унгарскиот претседател Јанош Адер, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во претпладневните часови отпатува во дводневна официјална посета на Букурешт

1064432
Претседателот Ердоган замина во посета на Унгарија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претпладневните часови отпатува во дводневна официјална посета на Унгарија, која што ја остварува на покана на претседателот на оваа земја Јанош Адер.

Претседателот Ердоган за Будимпешта отпатува во придружба на својата сопруга Емине Ердоган, портпаролот во кабинетот на претседателот Ибрахим Калин, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерката за трговија Рухсар Пекџан, министерот за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Турхан, шефот за комуникација во кабинетот на претседателот Фахерттин Алтун и потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Џевдет Јилмаз. 

Ердоган во рамките на оваа своја дводневна посета, денеска и утре, освен со унгарскиот претседател Јанош Адер, ќе се состане и со претседателот на унгарскиот парламент Ласло Ковер и со премиерот Виктор Орбан.

На средбите и разговорите ќе стане збор за чекорите кои што треба да бидат фрлени за развивање на билатералните односи помеѓу двете земји, а на маса ќе бидат поставени и наслови како што се односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), илегалната миграција и борбата против тероризмот.

Во рамките на посетата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган заедно и со унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе учествуваат на официјалното отворање на Турбето Ѓул Баба во Будимпешта,

Освен тоа претседателот Ердоган ќе учествува и на турско-унгарскиот Бизнис форум, а се предвидува да ги посети и гробиштата на паднатите турски војници во Галиција.



Слични вести