Претседателот Ердоган во Будимпешта пречекан со официјална церемонија од страна на Јанош Адер

Претседателот Ердоган во Будимпешта беше пречекан со официјална церемонија од страна на унгарскиот претседател Јанош Адер

1064708
Претседателот Ердоган во Будимпешта пречекан со официјална церемонија од страна на Јанош Адер
erdogan macaristan'da.jpg
Erdogan_Ader Janos7.jpg
Erdoğan Budapeşte5.jpg
erdogan macaristan'da.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во главниот град на Унгарија, Будимпешта каде што отпатува во дводневна официјална посета од страна на унгарскиот претседател Јанош Адер беше пречекан со официјална церемонија.

Претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган во претседателскиот дворец пристигнаа со возило придружувано од страна на почесна коњаничка гарда каде што беа пречекани од страна на домаќинот неговиот унгарски колега  Јанош Адер и неговата сопруга Анита Херчег.

Двајцата претседатели откако ги зазедоа своите места на просторот каде што се одржа церемонијата беа интонирани националните химни на двете земји, Турција и Унгарија.

Ердоган и Адер ја поздравија почесната гарда и потоа ги претставија своите делегации.

По средбата лице в лице двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и Јанош Адер ќе учествуваат на разговорите помеѓу делегациите на двете земји.

Претседателот Ердоган за Будимпешта отпатува во придружба на својата сопруга Емине Ердоган, портпаролот во кабинетот на претседателот Ибрахим Калин, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерката за трговија Рухсар Пекџан, министерот за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Турхан, шефот за комуникација во кабинетот на претседателот Фахерттин Алтун и потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Џевдет Јилмаз. 

Ердоган во рамките на оваа своја дводневна посета, денеска и утре, освен со унгарскиот претседател Јанош Адер, ќе се состане и со претседателот на унгарскиот парламент Ласло Ковер и со премиерот Виктор Орбан.

На средбите и разговорите ќе стане збор за чекорите кои што треба да бидат фрлени за развивање на билатералните односи помеѓу двете земји, а на маса ќе бидат поставени и наслови како што се односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), илегалната миграција и борбата против тероризмот.

Во рамките на посетата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган заедно и со унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе учествуваат на официјалното отворање на Турбето Ѓул Баба во Будимпешта,

Освен тоа претседателот Ердоган ќе учествува и на турско-унгарскиот Бизнис форум, а се предвидува да ги посети и гробиштата на паднатите турски војници во Галиција.

 



Слични вести