Претседателот Ердоган денеска и утре ќе престојува во посета на Унгарија

Претседателот Р. Т. Ердоган во рамките на оваа своја дводневна посета, денеска и утре, освен со унгарскиот претседател Јанош Адер, ќе се состане и со претсеадтелот на унгарскиот парламент Ласло Ковер и со премиерот Виктор Орбан

1064092
Претседателот Ердоган денеска и утре ќе престојува во посета на Унгарија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе отпатува во официјална посета на Унгарија.

Ердоган во рамките на оваа своја дводневна посета, денеска и утре, освен со унгарскиот претседател Јанош Адер на чија покана и ја посетува оваа земја, ќе се состане и со претседателот на унгарскиот парламент Ласло Ковер и со премиерот Виктор Орбан.

На сиве овие средби и разговори ќе стане збор за билатералните односи во политичката, воената, безбедносната сфера, одбранбената индустрија, економијата, трговијата и социокулурната сфера.  

Освен тоа ќе се разговара и за односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), илегалната миграција и борбата против тероризмот, како и за регионални и меѓународни прашања кои што се наоѓаат на заедничкиот дневен ред на двете земји.

Посетата ќе претставува показател за заедничката волја на двете земји на највисоко ниво во правец на билатералната соработка во секоја сфера во рамките на стратешкото партнерство со Унгарија. 

Во рамките на посетата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган заедно и со унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе учествуваат на официјалното отворање на Турбето Ѓул Баба во Будимпешта,

Освен тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува и на турско-унгарскиот Бизнис форум, а се предвидува да ги посети и гробиштата на паднатите турски војници во Галиција.

 



Слични вести