Помош во храна од турски Кизилај за 300 загрозени семејства во Кабул, Авганистан

Генералниот директор на турската Црвена полумесечина Кизилај Ибрахим Алтан истакна дека во Авганистан близу 40 години како владее граѓанска војна и дека оваа состојба многу ја измори оваа земја и го осиромаши авганистанскиот народ

1064463
Помош во храна од турски Кизилај за 300 загрозени семејства во Кабул, Авганистан

Турција достави помош во храна за 300 загрозени семејства во главниот град на Авганистан, Кабул. 

На церемонијата на доделување на помошта во храна организирана од страна на турската Црвена полумесечина кизилај и канцеларијата на авганистанската Црвена полумесечина во Кабул, учествуваа амбасадорот на Турција во Кабул Огузхан Ертугрул, заменик-генералниот директор на Управата за миграција при министерството за внатрешни работи Абдуллах Ајаз, генералниот директор на турската Црвена полумесечина Кизилај Ибрахим Алтан, заменик-генералниот директор Алпер Ќучук, советникот на министерството за внатрешни рабиоти во амбасадата на Турција во Кабул Илкер Туркбајрак и претседателот на авганистанската делегација на турската Црвена полумесечина Кизилај Муџахит Салих Дуран.

Генералниот директор на турската Црвена полумесечина Кизилај Ибрахим Алтан во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека во Авганистан близу 40 години како владее граѓанска војна и дека оваа состојба многу ја измори оваа земја и го осиромаши авганистанскиот народ. 

Велејќи дека турската Црвена полумесечина Кизилај отвори канцеларија во Авганистан за намирање на потребите и доставување на неопходната помош на авганистанскиот народ, Алтан рече дека канцеларијата заедно со авганистанската Црвена полумесечина ги реализира работите за доставување помош.

Ибрахим Алтан напомена дека турската Црвена полумесечина Кизилај им достави помош во храна на 300 семејства во Кабул, доволна за еден месец. 

Велејќи дека во Авганистан има голем број загрозени луѓе и невработени на кои им е потребна помош,  генералниот директор на турската Црвена полумесечина Кизилај Ибрахим Алтан додаде дека затоа активностите за доставување помош на загрозените во Авганистан ќе продолжат и во иднина.

 



Слични вести