Претседателот Ердоган на 8 и 9 октомври ќе престојува во посета на Унгарија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 8 и 9 октомври ќе престојува во официјална посета на главниот град на Унгарија, Будимпешта

1063700
Претседателот Ердоган на 8 и 9 октомври ќе престојува во посета на Унгарија

На покана на унгарскиот претседател Јанош Адер претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 8 и 9 октомври ќе престојува во официјална посета на Будимпешта.

Соред објавеното соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган освен средбите што ќе ги оствари со својот унгарски колега Јанош Адер, ќе се состане и со претседателот на унгарскиот парламент Ласло Ковер и со премиерот Виктор Орбан. 

На сиве овие средби ќе стане збор за билатералните односи во политичката, воената, безбедносната сфера, одбранбената индустрија, економијата, трговијата и социокулурната сфера.  

Освен тоа ќе се разговара и за односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), илегалната миграција и борбата против тероризмот, како и за регионални и меѓународни прашања кои што се наоѓаат на заедничкиот дневен ред на двете земји.

Посетата ќе претставува показател за заедничката волја на двете земји на највисоко ниво во правец на билатералната соработка во секоја сфера во рамките на стратешкото партнерство со Унгарија. 

Во рамките на посетата, се предвидува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган заедно и со унгарскиот премиер Виктор Орбан официјално да го отвори Турбето Ѓул Баба во Будимпешта, да учествува на Бизнис форумот и да ги посети гробиштата на паднатите турски војници во Галиција.

 



Слични вести