Хулуси Акар: Борбата против тероризмот ќе продолжи со решителност

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна борбата против тероризмот ќе продолжи со решителност

1063461
Хулуси Акар: Борбата против тероризмот ќе продолжи со решителност

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз го посетија семејството на загинатиот војник, жандармерискиот постар водник Озѓур Џан Инџе кој го загуби животот во експлозијата на експлозивна направа од рачна изработка поставена на патот од страна на терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во близина на населението место Ѓерџуш кај градот Батман.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа во оваа пригода истакна борбата против тероризмот ќе продолжи со решителност.

Акар рече: "Никако нема да престанеме без да заврши тероризмот и без да бидат елиминирани терористите. Ние сме исполнети со елан и сме решителни, борбата ќе ја продолжиме до крај. Оние кои се наоѓаат на чело на терористите разбраа, а ќе разберат и оние подолу дека колку и да им доставуваат оружје и муниција, било со шлепери било со вагони, тоа нема крај."

Нагласувајќи дека турските вооружени сили, жандармеријата, полицијата, безбедносните чувари и безбедносните сили во целина деноноќно се во потрага по терористите, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: "Заедно со тоа што се постигнуваат големи успеси по ова прашање, поради поддршката што ја добиваат од внатре и од надвор и поради соработката со предавниците, терористите го продолжуваат своето опстојување, но ние велиме дека оваа борба ќе продолжи се додека не биде елиминиран и последниот терорист. Како што беше досега така и отсега нема да ја оставиме на земја крвта на нашите шехиди (загинати борци) и на нашите газии (ранети борци во борбата против тероризмот), сигурно ќе се побара сметката за тоа."

 



Слични вести