Започна „TRT World Forum“ на тема „Преиспитување на мирот и безбедноста во распарчениот свет“

„TRT World Forum“ чиј глобален комуникациски партнер е новинската Агенција Анадолија (АА) и чија овогодишна тема гласи „„Преиспитување на мирот и безбедноста во распарчениот свет““ се одржува денеска и утре во Истанбул

1061324
Започна „TRT World Forum“ на тема „Преиспитување на мирот и безбедноста во распарчениот свет“

Започна „TRT World Forum“ кој што годинава се одржува по втор пат и на кој се состануваат стотици идејни лидери, со цел барање глобални решенија за актуелни, културни, политички, економски и социјални безизлези.

„TRT World Forum“ чиј глобален комуникациски партнер е новинската Агенција Анадолија (АА) и чија овогодишна тема гласи „Преиспитување на мирот и безбедноста во распарчениот свет“ се одржува во Истанбул.

Форумот започна денеска и ќе трае и во текот на утрешниот ден.

Во рамките на форумот чии подготвителни активности продолжуваат приближно една година ќе се одржат 12 затворени и 10 отворени седници. 

На „TRT World Forum“ кој што е фокусиран на најзначајните глобални проблеми во светот денес, учествуваат над 600 домашни и странски идејни лидери, политичари, бизнисмени, академици, активисти и новинари од сите страни на светот.

На отворањето на  „TRT World Forum“ кој што се оценува како една од најефикасните и најугледни манифестации во регионот свои поздравни говори одржаа претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим и генералниот директор на турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен.

По отворањето ќе се одржат седници под наслови „Дали во светот е се во ред? Или не? “, „Изминатите 100 години  од Првата светска војна до денеска“, „Европската унија и проблемите“, „Подемот на глобалниот југ и лидерството на жените во конфликтен свет.“

 



Слични вести