Турција изрази задоволство од одржувањето на изборите во северниот дел на Ирак во мирна атмосфера

Портпаролот на турското министерство за надворени работи Хами Аксој истакна дека Турција чувствува задоволство од тоа што парламентармните избори во Регионалната крудска управа на Ирак (РКУИ) кои што се одржаа во неделата поминаа во мирна атмосфера

1061160
Турција изрази задоволство од одржувањето на изборите во северниот дел на Ирак во мирна атмосфера

Турција истакна дека чувствува задоволство од одржувањето на парламентарните избори во Регионалната крудска управа на Ирак (РКУИ) во мирна атмосфера.

Портпаролот на турското министерство за надворени работи Хами Аксој истакна дека Турција чувствува задоволство од тоа што парламентармните избори во Регионалната крудска управа на Ирак (РКУИ) кои што се одржаа во неделата поминаа во мирна атмосфера.

Аксој во своето писмено соопштение по прашањето ја изнесе следната проценка: „Посакуваме изборните резултати да бидат ајирлија од аспект на зачувувањето на единството и територијалниот интегритет на Ирак и воспоставувањето на стабилноста во земјата.“

Инаку, во Регионалната курдска управа на Ирак (РКУИ) која брои приближно 5 милиони жители и во која има регистрирано над 3 милиони бирачи, на 30 септември во неделата се одржаа парламентарни избори на кои за парламентот составен од 111 пратенички места се натпреваруваа 29 политички партии и коалиции.

 



Слични вести