Првата група воен персонал од САД пристигна во Турција за обука за заеднички патролирања во Менбич

„На 2 октомври пристигна во Турција првата група воен персонал од вооружените сили на САД, за обука“ - се вели во соопштението на турското министерство за национална одбрана

1061304
Првата група воен персонал од САД пристигна во Турција за обука за заеднички патролирања во Менбич

Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека продолжува да се работи на започнување на заедничките обуки  на единиците на турските и американските вооружени сили во врска со подрачјето на Менбич во Сирија.

„Во тие рамки на 2 октомври пристигна во Турција првата група воен персонал од вооружените сили на САД, за обука.“ - се вели во објавеното соопштение на интернет страницата на министерството за одбрана каде што се даваат информации во врска со заедничките турско-американски обуки за заеднички патролирања во подрачјето на Менбич.

Во соопштението се вели дека продолжуваат работите во врска со започнувањето на заедничките обуки за реализација на заеднички патролирања од страна на воените единици на Турција и САД во подрачјето на Менбич, а во рамките на претходно усвоената патна карта и безбедносните принципи во Менбич.

Во соопштението на турското министерство за национална одбрана воедно се додава и следното: „По завршувањето на овие обуки ќе бидат започнети заедничките патролирања. Во тие рамки на 2 октомври во Турција пристигна првата група воен персонал од вооружените сили на САД, за обука.“

 



Слични вести