Јилдирим: Турција е едната од земјите кои ја плаќаат најголемата сметка поради војната во Сирија

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим на отворањето на „TRT World Forum“ истакна дека Турција е едната од земјите кои ја плаќаат најголемата сметка поради граѓанската војна во Сирија која започна во 2011 година

1061662
Јилдирим: Турција е едната од земјите кои ја плаќаат најголемата сметка поради војната во Сирија
Meclis Başkanı Yıldırım TRT World Forum açılış.jpg
trt world forum.jpg

Денеска во Истанбул започна „TRT World Forum“ кој што годинава се одржува по втор пат, чија овогодишна тема гласи „Преиспитување на мирот и безбедноста во распарчениот (фрагментираниот) свет“ и на кој се состануваат стотици идејни лидери, со цел барање глобални решенија за актуелни, културни, политички, економски и социјални безизлези во светот.

На отворањето на форумот говореше и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим кој истакна дека Турција е едната од земјите кои ја плаќаат најголема сметка поради граѓанската војна во Сирија која започна во 2011 година. 

Нагласувајќи дека Турција им ја отвори својата прегратка на 3,5 милиони Сиријци, Јилдирим рече: „Некои земји се соочуваат со тешкотии за да го разберат тоа. Велат 'потрошивте 30 милијарди долари', не сфаќаат, бидејќи кога станува збор да му се овозможи на човекот да остане во живот, да живее, парите немаат никаква вредност. Да се спаси еден човек, значи да се спаси целиот свет. Тоа го налагаат нашето сфаќање и нашето верување.“

Бинали Јилдирим напомена дека на чело на достигнувањето на целта за свет во кој сите луѓе ќе живеат во мир, спокојство и безбедност се наоѓа борбата против тероризмот и продолжи: „Теророт и тероризмот треба безусловно да се порекнат (отфрлат) независно од земјата, етничкиот идентитет и верата. Тероризмот апсолутно, никако не треба да се финансира, да му се доставува поддршка во оружје и пари.“

Нагласувајќи дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК која измасакрира 35 илјади луѓе го продолжува своето делување на териториите на Сирија под името ПЈГ/ЈПГ, Јилдирим рече: „Она што е жално е тоа што продолжувањето на нејзиното делување се одвива со отворената, јасната и директната поддршка на САД кои ги сметаме за наши пријатели и за наши сојузници во НАТО. На оваа терористичка организација и се доставуваат илјадници шлепери со оружје, ракети и секој вид оружје. Никако не може да се оправда соработката со една терористичка организација.“

Јилдирим истакна дека терористичкиот водач на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО живее на посед во САД и рече: „Се е јасно. Тој е оној кој ја издаде директивата за преврат (од 15 јули 2016). Располагаме со сите видови документи и информации, меѓутоа нашите пријатели, земјата која ја сметаме за наш сојузник, не го помрднуваат ниту својот прст.“ 

Реагирајќи против САД кои не сакаат да соработуваат со Турција по прашањето на борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, Јилдирим рече: „Или дали стравувате дека во позадината ќе се појават други работи?“

Тој го нагласи и тоа дека веќе не остана доверба ниту кон Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) кој не може да го реши прашањето со Ерусалим и палестинскиот проблем.

„Европската унија (ЕУ) пак, не е доволно активна во решавањето на меѓународните проблеми“, , истакна претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во својот говор што го одржа на отворањето на „TRT World Forum“ кој започна во Истанбул.

 



Слични вести