Ибрахим Ерен: Се надевам оти овој форум ќе развие корисни резултати за решение за судирите во светот

Генералниот директор на турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен на отворањето на TRT World Forum истакна дека се надева оти овој форум ќе развие корисни резултати со решение за присутните судири во светот.

1061546
Ибрахим Ерен: Се надевам оти овој форум ќе развие корисни резултати за решение за судирите во светот

Денеска во Истанбул започна „TRT World Forum“ кој што годинава се одржува по втор пат и чија овогодишна тема гласи „Преиспитување на мирот и безбедноста во распарчениот (фрагментираниот) свет“. 

Генералниот директор на турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен во говорот што го одржа на отворањето на форумот истакна дека се чувствува голема радост и големо воодушевување од реализацијата на вториот по ред „TRT World Forum“, едниот од најзначајните проекти кои што се ставени во примена од страна на ТРТ.

Ибрахим Ерен рече дека се надева оти „TRT World Forum“ ќе развие корисни резултати со решение за присутните судири во светот.

Велејќи дека во период кога кризите со довербата и стабилноста се доживуваат во глобални димензии од големо значење е да се состанува и да може да се дискутира и да се развиваат предлози за решение, Ибрахим Ерен потсети дека поаѓајќи од ваквиот начин на сфаќање на „TRT World Forum“, се привлекува внимание кон неизвесностите во периодот во кој што живееме и се дискутира за тоа како би можело да се стане инспирација за промена.

„Судирот на сили и интереси кој што се доживува во голем број сфери продолжуваат да извезуваат нестабилност во светот“, - рече Ерен и нагласи дека картелите во производството на оружје, лобите средините со интерес и терористичките организации кои се хранат од овие судири, го продолжуваат своето постоење и се закануваат на безбедноста на човекот.

Тој истакна дека влијанието на граѓанските војни во Сирија и Јемен кои стануваат причина за смртта на илјадници луѓе продолжува да се чувствува со сиот интензитет во целиот свет и продолжи со следните зборови: „Милиони цивили кои се подложени на влијанието на овие војни за да би останале во живот по цена и на мошне тешките услови, доведувајќи ги во опасност и во ризик и сопствените животи и животите на своите деца, се приморени да бараат право на живот во други земји во светот. Повеќето од нив не се среќни колку оние кои наоѓаат право на живот во Турција.“ 

Нагласувајќи дека со секој поминат ден растат зулумот и дискриминацијата со кои што се соочуваат муслиманите Рохинга во Аракан, во Мјанмар каде што случувањата јасно и од страна на Обединетите нации (ОН) се дефинирани како етничко чистење, Ибрахим Ерен напомена дека заедно со последните случувања додека постепено се намалува можноста од праведно решение за Палестина, постепено стануваат се потешки и условите за живот за Палестинците.  

Генералниот директор на турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен истакна дека Исламофобијата и непријателството кон странците кои се во подем во последно време во Европа, со секој поминат ден стануваат причина за нови распарчувања (фрагментација). 

Тој напомена дека „TRT World Forum“е ставен во примена со цел да обезбеди платформа за дискутирање за различни прашања и проблеми и за доставување на нови предлози за решение, по што продолжи со следните зборови: „Заедно со развојот и пробивот кои што во последните години ги постигнува нашата земја, ТРТ особено со своите канали како TRT World, TRT Arabic, TRT Kurdi, TRT Avaz, со секој поминат ден се зголемува и влијанието и значењето на нашата земја на меѓународната арена. Продолжуваме и ќе продолжиме во нашите програми да го прикажуваме и покажуваме она кое што не се гледа и да им го подаваме нашиот микрофон на оние кои не можат да го прочујат својот глас.“

Ерен потсети дека денеска и утре, во текот на два дена, ќе се одржат отворени и затворени седници на кои експерти, политичари, идејни лидери, академици, активисти од голем број различни земји во светот ќе се обидат да развијат решенија за присустните проблеми во чиј фокус ќе го има човекот, и на сиве овие седници ќе се дискутира за тоа како би можело да се намали оваа распарченост, фрагментација во светот. 

Велејќи дека овде ќе бидат искористени искуствата и знаењата на над 600 излагачи кои се дојдени во Истанбул за да го дадат својот придонес, генералниот директор на турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен својот говор го заврши со зборовите: „Се надевам дека овој форум ќе развие корисни резултати за изнаоѓање решение за присутните судири во светот.“

 



Слични вести