Чавушоглу: „Промена на името на Македонија, клучна за членството во НАТО и ЕУ“

„Разговаравме за референдумот во Македонија, бидејќи, промената на името е клучна, што се однесува до членството на земјата во НАТО и интеграцијата во Европа поради постојаното вето на Грција“, истакна Чавушоглу

1061090
Чавушоглу: „Промена на името на Македонија, клучна за членството во НАТО и ЕУ“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, истакна дека референдумот во Македонија и промената на името се клучни што се однесува до членството на земјата во НАТО и интеграцијата во Европа поради ветото на Грција, и додаде дека Турција дала значајни придонеси во чекорите за зголемување на довербата на Балканот.

Чавушоглу, по состанокот за стратешки дијалог за Западен Балкан, во центарот на Светскиот економски кворум (WEF) во швајцарскиот град Женева, информираше дека на состаноците одржани во последните два дена, имале можност да разговараат околу зајакнувањето на стабилноста и мирот на Балканот, и да ја споделат визијата на Турција за регионот.

Чавушоглу рече дека на состанокот разговарале за тензиите во последниот период меѓу Косово и Србија, за процесот по изборите кои ќе се одржат на 7 октомври во Босна и Херцеговина, како и за референдумот кој во неделата се одржа во Македонија.

„Разговаравме за референдумот во Македонија, бидејќи, промената на името е клучна, што се однесува до членството на земјата во НАТО и интеграцијата во Европа поради постојаното вето на Грција“, истакна Чавушоглу, според кого, Турција дала значајни придонеси во чекорите за зголемување на довербата на Балканот.

Тој рече дека НАТО и ЕУ покажуваат заинтересираност за регионот, но дека Турција неа ја смета за недоволна, и додаде дека неговата земја дала голем придонес за да се направат чекори за зголемување на довербата на Балканот.

„Чекорите за зголемување на довербата меѓу земјите се значајни. Од друга страна, економскиот развој, како и трговијата и инвестициите меѓу земјите од регионот се важни за стабилноста на овој регион“, рече тој.

Тој информираше дека на овој состанок, исто така разговарале и за миграцискиот тек во регионот, како и за борбата против невработеноста, потсетувајќи дека Турција дала голем придонес за транспортот меѓу земјите на Балканот, како и за нивното меѓусебно поврзување.

„Ние особено нагласивме дека Западен Балкан не е сцена за конкуренција меѓу Западот и Русија, или меѓу Западот и Кина, или меѓу нас, туку е една сцена за соработка“, додаде министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести