Чавушоглу учествуваше на официјалната вечера на Светскиот економски форум, во Женева

Како што се дознава, на отворањето на вечерата говореше основачот претседател на Светскиот економски форум Клаус Шваб кој во оваа пригода истакна дека било разговарано за улогата на Европа во глобален контекст и последните случувања на Балканот

1060721
Чавушоглу учествуваше на официјалната вечера на Светскиот економски форум, во Женева

Министерот за надворешни работи Мевлут Часвушоглу синоќа во швајцарскиот град Женева  учествуваше на официјалната вечера на Светскиот економски форум (WEF).

Вечерата беше затворена за медиумите.

Како што се дознава, на отворањето на вечерата говореше основачот претседател на Светскиот економски форум Клаус Шваб кој во оваа пригода истакна дека било разговарано за улогата на Европа во глобален контекст и последните случувањата кои што го обликуваат Балканот.

На официјалната вечера освен министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и основачот претседател на Светскиот економски форум Клаус Шваб учествуваа и словенечкиот претседател Борут Пахор, српската премиерка Ана Брнабиќ, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, албанскиот премиер Еди Рама, германската министерка за одбрана Урсула Фон Дер Лејен, црногорскиот заменик-премиер Зоран Пазин, претседадавачот на 72-роро Генерално заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) и министер за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак и претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска ќе учествува на лидерскиот состанок на Светскиот економски форум за стратешки дијалог за Западен Балкан.

 



Слични вести