Во операциите во последната една недела се неутрализирани 28 терористи на ПКК

Во реализираните операции во периодот од 24 септември до 1 октомври, во последната една недела, се неутрализирани 28 терористи на ПКК, од кои 9 се убиени, 11 се фатени живи-ранети, а 8 мина им се предадоа на безбедносните сили

1059872
Во операциите во последната една недела се неутрализирани 28 терористи на ПКК

Во реализираните операции иод страна на Турските вооружени сили (ТВС) во периодот од 24 сеоптември до 1 октомври 2018 година, за една недела, се неутрализирани 28 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Министерството за внатрешни работи на Турција ги сподели податоците по прашањето на борбата против терроизмот во периодот од 24 септември до 1 октомври.

Според тоа во реализираните операции за воспоставување на внатрешната безбедност, во наведениот период во последната една недела се неутрализирани 28 терористи на ПКК, од кои 9 се убиени, 11 се фатени живи-ранети, а 8 мина им се предадоа на безбедносните сили.

Во операциите беа доведени во неупотреблива состојба 11 засолништа, скривници и пештери во 3 града.

Освен тоа беа уништени и 7 експлозивни направи и мини, 13 рачни бомби, 506 килограми експлозив, а беа запленети и 20 оружја од кои 16 тешки и автоматски и 1.567 парчиња муниција за истите.



Слични вести