Потпретседателот Фуат Октај: Немаме почит кон одлуките кои потклекнуваат пред ерменската дијаспора

Потпретседателот Фуат Октај во говорот што го одржа на 18-от Конгрес за турска историја истакна дека Турција нема почит кон одлуките на парламентите кои потклекнувајќи пред ерменската дијаспора ги забрануваат турските тези

1059984
Потпретседателот Фуат Октај: Немаме почит кон одлуките кои потклекнуваат пред ерменската дијаспора

Потпретседателот Фуат Октај учествуваше на 18-от Конгрес за турска историја што се одржа во Конгресниот и културен центар Миллет во претседателската палата во Бешетепе во Анкара.

Во гоговорот што го одржа во оваа пригода Фуат Октај се осврна на ерменските тврдења и истакна дека Турција нема почит кон одлуките на парламентите кои потклекнувајќи пред ерменската дијаспора ги забрануваат турските тези.

Потпретседателот Фуат Октај рече: „Оние кои преку настаните од 1915 година се обидуваат да ја оцрнат нашата историја и покрај сите толку големи напори не успеале да ја постигнат својата цел, со исклучок на оние држави чие непријателство против нашата земја е потврдено. Кампањите на клевета на кои што е интензивирано поготово пред 2015 година како резултат на ставот на нашата земја, напорите на нашите официјални институции како што е Институцијата за турска историја, и на нашите дипломати западнаа во вода.“

Укажувајќи на тоа дека турската историја претставува целина, потпретседателот Фуат Октај рече: „Ние немаме потреба да до порекнеме нашето наследство и кон нашата древна историја да приоѓаме со „ревизионистички“ приод. Турската историја претставува целина со своето 2.200 годишно минато, со своите победи и своите порази. Наши се и Ѓоктурците, наши се и Караханлиите, наши се и Селџуците и Османлиите и Републиката.“ 

„Немаме почит кон одлуките на парламентите кои потклекнувајќи пред ерменската дијаспора ги забрануваат турските тези.“ - подвлече потпретседателот Фуат Октај.

 



Слични вести