Чавушоглу ја повтори спремноста на Турција за помош на Индонезија и до својот колега Марсуди

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот индонезиски колега Ретно Марсуди до кого уште еднаш ја повтори спремноста на Турција за доставување на секој вид помош на Индонезија поради земјотресот и цунамито

1060129
Чавушоглу ја повтори спремноста на Турција за помош на Индонезија и до својот колега Марсуди

Турција уште еднаш информира дека е спремна за доставување секлој вид помош на Индонезија која во петокот беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,7 степени и џиновски бранови цунами во кои според последните добиени информации бројот на настраданите достигна до 1.203 лица.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот индонезиски колега Ретно Марсуди.

Според добиени информации од дипломатски извори, Чавушоглу во овој телефонски разговор ја повтори пораката на Турција за подготвеност за доставување секој вид помош на Индонезија поради земјотресот и брановите цунами. 

Претходно и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер истакна дека Турција е спремна да ја достави секој вид помош за санирање на раните на Индонезија.

Ердоган исто така го изрази своето сочувство за загинатите во катастрофата од земјотресот и брановите цунами, а на повредените им посака побрзо оздравување.

Инаку, во силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени и џиновските бранови цунами кои што следуваа потоа кои во петокот го погодија островот Сулавеси во Индонезија, според последни добиени информации бројот на загинатите се зголеми на 1.203 лица.

 



Слични вести