Турција изрази спремност за доставување на секој вид помош на Индонезија

Министерството за надворешни работи на Турција изрази спремност за доставување на секој вид помош на Индонезија поради земјотресот и брановите цунами кои беа причина за смртта на голем број лица и предизвикаа голема штета

1059369
Турција изрази спремност за доставување на секој вид помош на Индонезија

Турција истакна дека е подготвена да ја достави секој вид помош на Индонезија по земјотресот што го погоди островот Сулавеси и џиновските бранови цунами коишто следуваа потоа.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели дека се чувствува жалење поради тешките човечки загуби и причинетата штета во земјотресот на индонезискиот остров Сулавеси и џиновските бранови цунами до коишто дојде потоа.

Во соопштението се додава следното: "Турција е во солидарност со пријателската индонезиска влада и братскиот индонезиски народ и е подготвена да ја достави секој вид помош од која постои потреба. Го изразуваме нашето искрено сочувство до блиските на загинатите и индонезискиот народ, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување."

Во земјотресот што го погоди индонезискиот остров Сулавеси со јачина од 7,7 степени и џиновските бранови цунами до коишто дојде потоа, според последните добиени информации животот го загубија 832 лица, десетици лица се водат како исчезнати, а десетици илјади лица беа подложени на влијанието на оваа природна катастрофа.

 



Слични вести