Ердоган учествуваше на свечената вечера приредена од страна на неговиот колега Штајнмаер

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на вечерата се осврна на голем број прашања кои ги засегаат двете земји

1059072
Ердоган учествуваше на свечената вечера приредена од страна на неговиот колега Штајнмаер

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа учествуваше на свечената вечера која што беше приредена во негова чест од страна на домаќинот германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган одговори на грижите кои што ги изнесе неговиот колега домаќинот Штајнмаер во врска со некои уапсени лица во Турција и истакна дека станува збор за погрешна информираност.

Појаснувајќи дека Турција нема за задача да ги штити терористите и дека ако некои во земјата се замешани во тероризам независно од тоа на која општествена класа и припаѓаат судските органи го прават неопходното, Ердоган рече: "Моментално во Германија слободно шетаат илјадници припадници на ПКК која во мојата земја и во Европската унија (ЕУ) се смета за терористичка организација. Понекогаш по големите улици на Германија се одржуваат демонстрации со постери на водачот на терористичката организација. Но тие се забранети, зошто се дозволува тоа."

Ердоган истакна дека во широкиот дневен ред е природно понекогаш да дојде и до разидувања во ставовите, по што продолжи со следните зборови: "Нашите односи треба да ги продолжиме изнесувајќи ги на преден план нашите заеднички страни, а не нашите различни погледи. Турција и Германија се земји кои низа пати го покажале тој успех."

Тој напомена дека се располага со исти чувствителности со Германија пред се во однос на сириската криза и илегалната миграција и рече: "Со тоа што Турција и Германија во овој процес зазедоа иницијатива спречија мигрантската криза да достигне до поголеми димензии. Како што е случај како последно и во решавањето на чворот во Идлиб, Турција продолжува да работи за да не дојде до нови трагедии во Сирија и до нови бегалски бранови. Иншаллах (со Аллахова помош) верувам дека и во наредниот период ќе делуваме со ист дух на солидарност." 

Претседателот Ердоган нагласи дека освен тоа лично верува оти ќе се води заедничка борба против движењата како што се расизмот и непријателството кон странците и исламот кои се закануваат на иднината на Европа и општествениот мир.

Велејќи дека со Германија постојат мошне силни врски и во економската сфера, Ердоган напомена дека Германија е најголемиот трговски партнер на Турција.

Тој исто така истакна дека Германија се наоѓа на првото место меѓу меународните фирми кои делуваат во Турција, а воедно Германците се на првите места и во туризмот од аспект на посетителите.

Во меѓувреме, Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на своите средби и разговори во Берлин ги прими и високите функционери на најголемите фирми и банките на Германија.

Притоа подвлекувајќи дека оние кои инвестираат во Турција секогаш заработиле од тоа, претседателот Ердоган додаде дека и во иднина меѓународните инвеститори ќе продолжат да заработуваат.

 



Слични вести