Ердоган ја отвори џамијата во Келн: Исламот е вера на мирот, за тероризмот нема место во исламот

Претседателот Ердоган на третиот и последен ден од неговата посета на Германија ја отвори Централната џамија во Келн и во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека исламот е вера на мирот и дека за тероризмот нема место во исламот

1059195
Ердоган ја отвори џамијата во Келн: Исламот е вера на мирот, за тероризмот нема место во исламот
Erdoğan Merkez Köln camisi açılışı 1.jpg
Erdoğan.jpg
cami - Copie.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган свечено ја отвори новоизградената џамија во германскиот град Келн која е едната од најголемите џамии во Европа и притоа во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека исламот е вера на мирот и дека за тероризмот нема место во исламот.

Станува збор за Централната џамија во Келн која во изминатите осум години ја изгради Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) и која има капацитет од 1.200 луѓе.

Ердоган на третиот и последен ден од посетата на Германија присуствуваше на церемонијата на отворање на Централната џамија во Келн, а во текот на обраќањето на церемонијата истакна дека остварил плодна и успешна посета во критичен период.

„Сметам дека средбите во текот на двата дена дополнително го зајакнаа турско-германското пријателство кое има длабоки корени. Во текот на посетата на Германија порачав дека несогласувањата мораме да ги оставиме настрана и да се фокусираме на нашите заеднички интереси”, рече Ердоган и додаде дека нема да дозволи поради група симпатизери на терористичките организации ПКК и ФЕТО да се наруши турско-германското пријателство.

Зборувајќи за борбата против терористичките организации, Ердоган изнесе критики поради фактот што терористичките организации се нарекуваат „исламистички” и „џихадистички”.

„Терористичките организации кои највеќе штета до денес им нанесоа на муслиманите и пролеаа највеќе крв на муслиманите, повторно сакаат да им се наметнат на муслиманите преку термините исламисти и џихадисти”, рече Ердоган и додаде: „Исламот е вера на мирот, за тероризмот нема место во исламот.”

Ердоган порача дека улиците и плоштадите на европските метрополи веќе не смеат да се валкаат со крпите на терористичките организации.

Тој за време на посетата на Келн повика на заеднички став против расизмот. Нагласи дека оваа џамија треба да биде симбол на постоењето на турскиот народ во Германија.

„Ова место (ДИТИБ џамијата) треба да биде порака на оние кои се обидуваат да не прикажат како непријатели на Европа и кои се обидуваат да не маргинализираат. Оваа џамија треба да биде симбол на нашето постоење во оваа земја", порача Ердоган.

Претседателот Ердоган се осврна на фудбалерите од турско потекло, Месут Озил и Илкај Ѓундоган, за кои рече дека се отфрлени од германското општество поради заедничка фотографија со турскиот претседател.

„Месут Озил и Илкај (Ѓундоган) ... Поради нашата заедничка фотографија во Велика Британија беа отфрлани (дискриминирани) од ова општество. Таквото отфлување на двете наши момчиња кои настапуваат во репрезентацијата на Германија, јас како претседател не можев да прифатам”, рече Ердоган.

На церемонијата на отворање на џамијата во Келн присуствуваше и претседателот на Управата за верски прашања на Турција Али Ербаш, како и бројни турски министри, високи функционери и гости.

По обраќањето Централната џамија во Келн беше свечено отворена. Џамијата има вкупно девет влеза и на средина на куполата (кубето) се наоѓаат полумесечинаи ѕвезда.

Ентериерот доминантно е украсен со мотивите од период на Селџуците. Сместена во комплексот на вкупна површина од 17.000 квадратни метри во кој се наоѓаат и трговски центар, конференциска сала со капацитет од 600 лица, галерија за семинари и изложби, библиотека, деловни канцеларии и паркинг.

Германија има втора муслиманска популација по големина во западниот дел од Европа.

Повеќе муслимани живеат само во Франција.

Од  4,7 милиони муслимани во Германија, повеќе од три милони од нив се со турско потекло.

Повеќето од нив се добро интегрирани и потомци се на турските семејства кои мигрирале во текот на шеесетите години од минатиот век.

                                                                                                                           (AA)

 

                                                                                                                              

 



Слични вести