Во периодот од 21 до 27 септември за една недела се неутрализирани 37 терористи на ПКК

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во периодот од 21 до 27 септември, за една недела, се неутрализирани 37 терористи на ПКК од кои 20 внатре во земјата, а 17 надвор преку границата

1058841
Во периодот од 21 до 27 септември за една недела се неутрализирани 37 терористи на ПКК

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во последната една недела се неутрализирани 37 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според редовното неделно информирање од страна на Генералштабот, во периодот од 21 до 27 септември беа продолжени операциите од голем и среден обем внатре во земјата во подрачјата на градовите Ширнак, Сиирт, Дијарбакир, Мардин и Агри и надвор преку границата во северниот дел на Ирак на места кои што се користат од страна на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК како простори за постојано засолнување и како маршрута за префрлувања во земјата.

Во овие реализирани операции се неутрализирани 37 терористи од кои 20 внатре во земјата, а 17 надвор преку границата.

Во операциите се запленети големи количини оружје и муниција.

Во рамките на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија е воспоставена контролата во 234 населени места помеѓу Азез и Џераблус и на површина од 2.015 квадратни километри.

Турските вооружени сили во подрачјето на градот Идлиб каде што извршува задача на Сили за контрола на намалувањето на затегнатоста од 13 октомври 2017 година досега ставија во примена 12 набљудувачки пунктови.

Од почетокот на операцијата Маслиново гранче во подрачјето на Африн во северниот дел на Сирија пак досега бројот на неутрализирани терористи изнесува 4.584. 

Во подрачјето на Африн кое е земено под контрола од страна на Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната сириска армија (ССА) од 18 март досега, продолжуваат активностите за пребарување на мини и експлозивни направи од рачна изработка. Во тие рамки досега се уништени 267 мини и 1.402 експлозивни направи од рачна изработка.

Освен тоа во правец на Патната карта за Менбич и Безбедносните принципи за Менбич за кои што претходно беше постигнат компромис на линијата помеѓу просторот на операцијата Еуфратски штит и подрачјето на Менбич во Сирија од страна на Турските вооружени сили (ТВС) и воените единици на САД од 18 јуни досега се реализирани 52 координирани/независни патролирања 

 



Слични вести