Чавушоглу: Претстојат интензивни дипломатски контакти по прашањата на Сирија и Балканот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу најави од Њујорк, САД дека во наредните денови ќе се остварат интензивни дипломатски контакти по прашањата на Сирија и Балканот

1058341
Чавушоглу: Претстојат интензивни дипломатски контакти по прашањата на Сирија и Балканот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори кои што ги остварува во Њујорк САД даде изјава за претставниците на печатот и притоа укажа на тоа дека во наредните денови ќе се остварат интензивни дипломатски контакти по прашањата на Сирија и Балканот.

Чавушоглу потсети дека претседателот Реџеп Тајјип Ертдоган престојува во посета на Германија и дека Тој пак оттука ќе премине во Франција.

Мевлут Чавушоглу рече: „Со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан ќе оствариме долга средба по прашањето на Сирија. Ќе разговараме за политичккот процес, Идлиб и други прашања и секако за прашања посветени на борбата против тероризмот.“

Чавушоглу нагласи дека потоа ќе се премине во швајцарскиот град Женева и продолжи со следните зборови: „Во Женева ќе учествуваме на состанокот за Западен Балкан и тоа е многу многу значајно. Кршливост на Западен Балкан секогаш постои и тоа создава малку поголем ризик особено за време на избори.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека на овој состанок на кој ќе учествуваат шефови на држави и премиери на голем број земји и напомена дека Тој ќе учествува во име на претседателот Реџеп Тајјип Ердган и во оваа пригода ќе ја повтори поддршката која што Турција ја дава на Западен Балкан.

 



Слични вести