Чавушоглу: Постигнатата спогодба за Идлиб доби многу голема поддршка во однос на заштитата на цивилите

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавупшоглу истакна дека постигнатата спогодба за Идбил на 17 септември во рускиот град Сочи доби многу голема поддршка во однос на заштитата на цивилите во подрачјето на градот Идлиб во Сирија

1058522
Чавушоглу: Постигнатата спогодба за Идлиб доби многу голема поддршка во однос на заштитата на цивилите

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавупшоглу кој отпатува во Њујорк по повод состаноците на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) направи проценка на оваа своја посета и овдешните реализирани средби и разговори.

Чавушоглу истакна дека постигнатата спогодба за Идбил на 17 септември во рускиот град Сочи доби многу голема поддршка во однос на заштитата на цивилите во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Тој напомена дека компромисот кој што предвидува формирање на демилитаризирана зона во Идлиб претставува успех на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин. 

Во врска со имплементацијата на спогодбата за Идлиб пак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потсети дека вчера беше остварен троен состанок со министрите за надворшени работи на Иран и Русија и дека лично учествуваше на низа состаноци по прашањето на Сирија вклучувајќи го и состанокот организиран од страна на Европската унија (УЕ). 

На прашањето во која фаза е имплементацијата на спогодбата за Идлиб пак, Чавушоглу рече: „Во моментов продолжуваат техничките работи и работите во оваа демилитаризирана зона која ќе биде исчистена од оружје се одвиваат доста добро. Дури особено Русија и се заблагодари. На теренот нашите другари досега постигнаа значаен напредок. Се се одвива според календарот. Во понатамошниот процес ќе работиме заедно. Ќе работиме заедно за да ги спречиме прекршувањата и од двете страни. Уште еднаш ја изнесуваме нашата одлучност и по прашањето на имплементацијата на договорот и меѓутоа по прашањето што поскоро да се формира Уставотворната комисија и да започне со работа.“

 



Слични вести