Претседателот Ердоган од Њујорк замина во посета на Берлин, Германија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска од Њујорк каде што престојуваше по повод 73-тото Генерално Собрание на Обединетите нации (ОН) замина во посета Берлин, Германија

1057816
Претседателот Ердоган од Њујорк замина во посета на Берлин, Германија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој ги заврши своите средби и разговори во Њујорк, САД каде што допатува по повод седниците на 73-тото Генерално Собрание на Обединетите нации (ОН) денеска отука  замина за Германија.

Ердоган денес, првиот ден од посетата на германскиот главен град Берлин ќе се состане со претставниците на граѓанските организации во Германија.

Своите официјални средби и разговори пак претседателот Ердоган ќе гу започне утре.

Ердоган утре во Берлин ќе биде пречекан со официјална церемонија од страна на германскиот претседател Франк-Валтер Штајмаер.

По средбата лице в лице со својот германски колега Штајнмаер, претседателот Ердоган ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел.

Прва точка на дневниот ред на средбата со Меркел ќе биде економијата, ќе бидат поставени на маса трговските односи и ќе бидат разгледани проектите во одбранбената индустрија и транспротот (сообраќајот).

Ердоган и Меркел по средбата ќе одржат заедничка конференција за претставниците на печатот.

Претседателот Реџеоп Тајјип Ердоган кој ќе престојува во посета на Германија од 27 до 29 септември, последниот ден од оваа своја посета во Келн ќе се состане со Турците кои живеат во оваа земја и ќе ја отвори новоизградената Централна џамија на Турско-исламската унија за верски прашања (DİTİB).

Претседателот Ердоган во попладневните часови допатува во главниот град на Германија, Берлин.

 

 



Слични вести