Претседателот Ердоган напиша статија за германски „ФАЦ“ под наслов „Очекувањата од Германија“

Претседателот Ердоган во статијата за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ истакна дека Германија треба да ја прогласи за терористичка организација ФЕТО и да ја поддржува Турција во борбата против терористичките организации како што се ПКК, ФЕТО, ДХКП-Џ

1057631
Претседателот Ердоган напиша статија за германски „ФАЦ“ под наслов „Очекувањата од Германија“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред неговата посета на Германија која што ја започнува денеска напиша статија за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЦ) чиј наслов гласи „Очекувањата од Германија“.

Претседателот Ердоган во статијата истакна дека Германија треба да ја прогласи за терористичка Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и го вели следното: „Турција ја очекува поддршката на Германија во борбата што ја води против терористичките организации како што се ПКК, ФЕТО, ДХКП-Џ.“

Ердоган го напиша следното: „Очекуваме Германија да ја поддржува борбата против ПКК и ФЕТО. Сакаме Германија да ја признае ФЕТО за терористичка организација. Нашето првенствено очекување од Германија е да прифати дека обидот за преврат (во јули 2016 година) е извршен од страна на ФЕТО, како што тоа го направи владата на Обединетото Кралство. Од нашите германски пријатели бараме во правец на доказите кои што ги доставува Турција, интензивно да фрлат конкретни чекори во врска со институциите и организациите на ФЕТО и поединци, и да се побара сметка од ФЕТО. Тоа ќе се дочека позитивно од страна на турскиот народ.“

Претседателот Ердоган привлече внимание дека како што е утврдено и во извештаите на германските разузнавачки институции сепаратистичко-терористичката организација ПКК се уште делува во Германија под различно руво и дека ги продолжува своите активности за собирање на свои приврзаници, криумчарење со опојни дроги и луѓе, насилно собирање данок и вршење на пропаганда.

Тој воедно предупреди дека „неодговорните политики на САД го водат светот кон непромислена трговска војна“ и напомена дека Турција и Германија треба да работат заедно за да го спречат тоа. 

„Дојдете да се фокусираме на нашите заеднички интереси, заедничките закани и проблеми. Постојано да ги држиме отворени каналите за дијалог онаму каде што размислуваме различно, обидувајќи се да ги разбереме нашите чувствителности, да покажеме емпатија колку што можеме.“ - напиша претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата статија за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

 



Слични вести