Билатерани средби на Чавушоглу во Њујорк, САД

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Њујорк каде што престојува по повод 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) остварува низа билатерални средби

1057483
Билатерани средби на Чавушоглу во Њујорк, САД

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на маргините на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк остварува низа билатерални средби.

Во тие рамки Чавушоглу се состана одделно со швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис и со министерот за надворешни работи на Бурунди Езечиел Нибигира.

Мевлут Чавушоглу имаше средба и со претседавачот на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите Нации (ОН) и министерка за надворешни работи на Еквадор Марија Фернанда Еспиноза, а се состана и со генералниот секретар на Системот за интеграција на Централна Америка (СИКА) Виницио Серезо.

Средбите се одржаа зад затворени врати.

Освен тоа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше и на состанокот на Палестинскиот комитет на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржа во седиштето на Обединетите нации (ОН).

По состанокот Чавушоглу преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Постојано ќе бидеме покрај нашите палестински браќа. Условот за воспоставвање на мирот и безбедноста во регионот е формирање на независна и суверена држава Палестина со главен град Источен Ерусалим, во границите од 1967 година.“ 

 



Слични вести