Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт: Турција е значаен партнер за нас и за Европа
Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт пред претстојната посета на претседателот Ердоган на Германија која почнува утре истакна дека Турција е значаен партнер за неговата земја и за Европа

Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт на одржаната прес-конференција во главниот град Берлин укажувајќи на претстојната посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Германија истакна дека Ердоган најпрвин ќе се состане со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, а потоа на два пати ќе се состане со канцеларката Ангела Меркел.
Сеиберт рече дека Турција е значаен партнер за неговата земја и за Европа.
Велејќи дека на средбите и разговорите покрај турско-германските односи ќе стане збор и за регионални прашања,Сеиберт напомена дека воедно ќе се разговара и за заедничките интереси на двете земји.
Тој рече: „Турција е значаен партнер за нас. Е значаен партнер и за Европа.“
Нагласувајќи дека не треба да се заборави и тоа што во Германија живеат 3 или 4 милиони лица од турско потекло, Сеиберт ја изнесе следната констатација: „Дури само и тоа ги прави посебни турско-германските односи, бидејќи постои еден таков човечки мост.“
Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт додаде дека неговата земја покажува заинтересираност кон стабилноста на Турција, економски и политички.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својата посета на Германија ќе ја започне утре и во петокот ќе се состане најпрвин со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, а потоа и со германската канцеларка Ангела Меркел.
Слични вести
