Ердоган за германската медиумска група Funke: Очекуваме праведно оценување за ЕВРО 2024

Претседателот Ердоган во интервју за весниците на германската медиумска група Funke изјави дека Турција ги исполни условите за да биде избрана за земја домаќин на ЕВРО 2024 и очекува праведно оценување

1057329
Ердоган за германската медиумска група Funke: Очекуваме праведно оценување за ЕВРО 2024

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во интервју за весниците на германската медиумска група Funke (Funke Dediengruppe) во врска со изборот на земјата домаќин за Европското фудбалско првенство ЕУРО 2024 истакна дека Турција ги исполни условите и во однос на одлуката што ќе се донесе во четврток (утре) рече: „Очекуваме праведно оценување.“

Велејќи дека изговорите во врска со економската состојба на Турција не ја презентираат вистината, Ердоган рече: „Турција ионака е мошне динамична и продуктивна земја од аспект на туризмот. Не треба да се покажува сомневање по прашањата на зголемување на исполнетоста на стадионите и приходите од спонзорствата и рекламите на Европското првенство.

Објаснувајќи дека речиси во сите големи градови се изградени спортски комплекси, стадиони и спортски сали со големи капацитети кои што во повеќе случаи не можат да се видат дури и во европските земји, претседателот Ердоган ја изнесе констатацијата дека „Доколку УЕФА направи објективно оценување може да ги види овие вистини.“ 

Ердоган укажа на тоа дека Турција располага со 55 аеродроми, брзи возови, добра сообраќајна инфраструктура и автопати по кои што секоја година патуваат 40 милиони туристи.

Тој потсети дека Германија досега во 1974, 1988 и 2006 година организираше две светски првенства и едно европско првенство по што рече: „Мислам дека оваа шанса треба да и се даде на една земја која располага со фудбалски ентузијазам, фудбалско воодушевување како што е Турција која ги исполни сите услови за да стане домаќин.“

Во врска со сликаната фотографија со фудбалерите Месут Озил, Илкај Ѓундоган и Џенк Тосун велејќи дека „нема било што за кое што би се каел“ претседателот Ердоган рече: „Како што знаете и Лотар Матеус се сретна со (рускиот претседател) Владимир Путин. Нашите фудбалери треба да бидат слободни во своето однесување. Жалам во име на оние кои го критикуваат тоа.“   

Ердоган напомена дека изразот на Месут Озил „Кога победував бев Германец, а кога почнав да губам станав доселеник“ добро го резимира тоа што фудбалерите во Германија се подложени на дискриминација и продолжи со следните зборови: „(Месут Озил) не ја напушти германската репрезентација без причина. Секој кој се соочува со овие расистички напади и навреди би ја покажал истата реакција.“

Тој додаде дека треба да се води заедничка борба против расизмот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на покана на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер од 27 до 29 септември ќе престојува во посета на Германија.

 

 



Слични вести