Турција од 28 септември до 7 октомври ќе биде домаќин на воените маневри Син кит 2018

На воените маневри  ќе учествуваат НАТО, САД, Азербејџан, Бахреин, Алжир, Катар, Кувајт, Пакистан, Романија, Саудиска Арабија со свои бродови, поморски десантни возила и штабен воен персонал како и единици на турските поморски и воздухопловни сили

1056563
Турција од 28 септември до 7 октомври ќе биде домаќин на воените маневри Син кит 2018

Турција во периодот од 28 септември до 7 октомври ќе биде домаќин на воените маневри Син кит 2018 кои ќе се реализираат во водите на источниот Медитеран.

Според објавеното соопштение од Генералштабот, на воените маневри  ќе учествуваат НАТО, САД, Азербејџан, Бахреин, Алжир, Катар, Кувајт, Пакистан, Романија, Саудиска Арабија со свои бродови, поморски десантни возила и штабен воен персонал како и единици на турските поморски и воздухопловни сили. 

Воените маневри ќе обезбедат можност за обука на координирана подводна одбранбена борба и подводни и поморски десантни активности, а со цел поддржување на подговотките на единиците и командите за реализација на вистински операции и задачи.

Турција на воените маневри ќе учествува со 4 фрегати, 5 подморници, 2 корвети, еден брод за логистичка поддршка, еден патролен брод, 3 поморски патролни авиони, 6 хеликоптери и единици на Командата на воздухопловните сили.



Слични вести