Претседателот Ердоган во Њујорк се состана со Рухани и Абе

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Њујорк се состана со иранскиот претседател Хасан Рухани и јапонскиот премиер Шинзо Абе

1055949
Претседателот Ердоган во Њујорк се состана со Рухани и Абе
erdogan-ruhani.jpg
Erdogan-abe_2018-09-25.png

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на маргините на 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк се состана со иранскиот претседател Хасан Рухани и јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Ердоган најпрвин го прими јапонскиот премиер Шинзо Абе.

На приемот присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за здравство Фахреттин Коџа и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк.

Потоа претседателот Ердоган се состана со иранскиот претседател Хасан Рухани.

На оваа средба пак присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан.

Освен тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на маргините на 73-тото заседание на Генералното Собрание на ОН во Њујорк оствари средби и со основачот на Светскиот економски форум Клаус Шваб, министерот за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Кудрет Озерсај и белгискиот премиер Шарл Мишел.

Средбите се одржаа зад затворени врати.

 



Слични вести