Претседателот Ердоган во Њујорк се состана со генералниот секретар на ОН Гутерес

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Њујорк во седиштето на Обединетите нации (ОН) се состана со генералниот секретар Антонио Гутерес

1055927
Претседателот Ердоган во Њујорк се состана со генералниот секретар на ОН Гутерес

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој по повод 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) престојува во Њујорк во САД, во седиштето на светската организација се состана со генералниот секретар Антонио Гутерес.

Според добиени информации од извори на кабинетот на претседателот, на средбата била потврдена одлучноста за зајакнување уште повеќе на блиската соработка помеѓу Турција и Обединетите нации (ОН).

Како шо се навдува на средбата биле поставени на дневен ред и одредени значајни глобални и регионални прашања.

Во врска со средбата помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес во седиштето на организацијата беше објавено писмено соопштение и од страна на портпаролството на генералниот секретар на ОН.

Во соопштението се вели следното:

„Генералниот секретар упати пофалби на тоа што Турција е домаќин на повеќе од 3,5 милиони бегалци и на извонредната соработка меѓу Турција и Обединетите нации (ОН). Генералниот секретар на претседателот Ердоган разговараа за ситуацијата во Сирија. Генералниот секретар го дочека со задоволство потпишаниот договор на 17 септември (со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи) за формирање на демилитаризирана зона во Идлиб.“

 



Слични вести