Претседателот Ердоган од 27 до 29 септември ќе престојува во посета на Германија

Претседателот Р. Т. Ердоган освен со својот германски колега Штајнмаер ќе се состане и со германската канцеларка Ангела Меркел, а ќе ја отвори и Централната џамија во Келн и ќе се состане и со турската заедница во Германија

1056478
Претседателот Ердоган од 27 до 29 септември ќе престојува во посета на Германија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на покана на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер пд 27 до 29 септември ќе ја оствари својата прва државна посета на Германија.

Според објавеното соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателот, претседателот Ердоган освен со својот германски колега Штајнмаер ќе се состане и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Во рамките на посетата ќе стане збор за соработката помеѓу Турција и германија во сферите на политиката, економијата. безбедноста, одбраната и социокултурата, како и за прашања посветени на турската заедница во Германија.

Освен тоа ќе бидат остварени разговори за регионални и глобални случувања на чело со Сирија, соработката во сферите на борбата против тероризмот и илегалната миграција, а воедно ќе стане збор и за односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и други прашања од заедничкиот дневен ред на двете земји. 

По повод посетата, претседателот Ердоган се предвидува да се обрати и пред функционерите на граѓанските организации и на функционерите на водечките германски фирми на Турско-германскиот Бизнис совет.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на својата посета ќе ја отвори и Централната џамија во Келн на Турско-исламската унија за верски прашања (DİTİB), а се очекува да се состане и со турската заедница во Германија.

Посетата на претседателот Ердоган на Германија ќе биде прва државна посета која што се остварува од Турција на оваа земја по изминати 7 години.

Инаку, Германија е сојузник на Турција во НАТО и е во положба на еден од водечките економски партнери на Турција.

Освен тоа 3,5 милиони турски граѓани кои живеет во Германија одигруваат улога на мост на пријателство помеѓу двете земји.



Слични вести