Во Ерџиш кај градот Ван близу иранската граница се фатени 67 илегални имигранти
Во минибус во населеното место Ерџиш кај градот Ван во близина на иранската граница се фатени 67 илегални имигранти за кои што е установено дека влегле во земјата по незаконски патишта

Во населеното место Ерџиш кај градот Ван во источниот дел на земјата во близина на иранската граница се фатени 67 илегални имигранти за кои што е установено дека влегле во земјата по незаконски патишта.
Според објавеното соопштение од Командата на жандармеријата во градот Ван, во текот на реализираните контроли во рамките на активностите за борба против криумчарењето беше сопрен минибус кој што не се придружувал кон предупредувањето на жандармериските екипи да застане и се обидел да избега.
Во возилото беа фатени 67 илегални имигранти за кои што е установено дека влегле во земјата по незаконски патишта.
На фатените илегални имигранти од страна на екипите на жандармеријата им беше раздадена храна и вода по што поминаа од лекарска контрола и и беа предадени на Управата за миграции во градот Ван.
Слични вести
