Претседателот Ердоган напиша статија за рускиот весник „Комерсант“

Претседателот Р. Т. Ердоган во својата статија за рускиот весник „Комерсант“ напиша дека Турција се надева на поддршката и на Русија во нејзината борба против сепаратистичко-терористичките организации како што се ПКК, ПЈД/ЈПГ и ДСГ

1055482
Претседателот Ердоган напиша статија за рускиот весник „Комерсант“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напиша статија за рускиот весник „Комерсант“ изнесе низа проценки во врска со процесот на решение во Сирија, а се осврна и на борбата против тероризмот.

Осврнувајќи се на борбата што се води против тероризмот, Ердоган во својата проценка рече: „Се надеваме на поддршката и на Русија во борбата што ја води Турција против сепаратистичко-терористичките организации како што се ПКК, ПЈД/ЈПГ и ДСГ.“

Претседателот Ердоган нагласи дека Турција е одлучна во борбата против тероризмот и напомена дека тоа беше низа пати потврдено и во борбата против тероризмот во подрачјата на Африн, Џераблус, Ел Баб и Идлиб во Сирија.

Тој потцрта дека Турција под никакви услови нема да го дозволи тероризмот на било кое место на нејзините граници.

Привлекувајќи внимание на тоа дека на остварената средба со рускиот претседател Владимир Путин на 17 септември во Сочи беше ставен акцент на значењето кое му се придава на ова прашање, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Се надеваме на поддршката и на Русија на борбата што ја води Турција против овие терористички организации.“

Тој нагласи дека верува оти соработката со Русија ќе продолжи да се развива активно и во иднина.

Велејќи „Многупати го истакнавме тоа дека сме против секој вид иницијатива со која што се има за цел да се елиминираат умерените опозиционери нарекувајќи ги притоа 'терористи'“, Ердоган подвлече дека умерената опозиција во Идлиб треба да остане во процесот на политичко решение и дека тоа е потребно за нормално функционирање на преговорите во Женева и Астана.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осврна и на проблемот со бегалците во врска со што рече: „Не е правилно на овој проблем кој што претставува рана на нашата планета која што крвари, да се гледа како да е само проблем на Турција.“

Ердоган на крајот на својата статија за рускиот весник „Комерсант“ го изрази и задоволството од тоа што турско-руските односи во последно време продолжуваат да се развиваат во рамките на добрососедството, заедничките интереси и обостраното почитување.

„Ги фрламе потребните чекори за развојот и на нашите човечки и културни односи на чело со заедничките енергетски проекти и обостраните инвестирања. Овие чекори ќе продолжиме да ги фрлиме и во иднина. Верувам дека турскиот и турскиот народ кои ја споделуваат истата географија и кои во текот на вековите успеале да станат предмет на историјата, треба да бидат во длабока, искрена и блиска врска. Би сакал да го нагласам тоа дека секогаш ќе ги поддржуваме активностите кои што се реализираат во рпавец на оваа цел.“

 



Слични вести