Чавушоглу: Тешкиот хуманитарен товар на сириската криза е оставен на плеќите на Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека тешкиот хуманитарен товар на сириската криза е оставен на плеќите на Турција и дека ветувањата по ова прашање не се исполнети

1055911
Чавушоглу: Тешкиот хуманитарен товар на сириската криза е оставен на плеќите на Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавуоглу кој престојува во Њујорк во САД по повод 73-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) говореше на седницата на тема „Мигрантите“.

Чавушоглу истакна дека тешкиот хуманитарен товар на сириската криза е оставен на плеќите на Турција и дека ветувањата по ова прашање не се исполнети.

„Покажавме дека додека ја продолжуваме нашата одлучност во борбата против тероризмот би можеле да ги заштитиме цивилите и населените места. Во голема мера го намаливме бегалскиот бран од Сирија кон Турција и Европската унија (ЕУ).“ - рече Чавушоглу. 

Мевлут Чавушоглу своето излагање го продолжи со следните зборови „Не ги оставивме сами недолжните луѓе, нив не ги оставивме во рацете на безмилосниот режим или на терористичките организации како ДЕАШ и ПКК.“ 

Чавушоглу додаде: „Медитеранот, колевката на цивилизациите е дојден во положба на гробница на беспомошните, очајните луѓе. Мртвите тела на децата кои се насукаа на бреговите се срам во име на целиот свет и човештвото.“

Тој истакна дека на глобално ниво сé уште постои голем мигрантски бран, напоменувајќи дека бројот на мигрантите ширум светот изнесува околу 260 милиони.

„Овие бројки константно растат поради гладта, граѓанските војни, тероризмот и политичката нестабилност. Поради оваа причина, ниту една земја не може да го игнорира овој проблем." - рече Чавушоглу.

Тој нагласи дека државите не треба да имаат предрасуди против мигрантите и бегалците.

Велејќи „Многу е опасно хуманитарните теми да станат политичко орудие и да се поттикнуваат предрасуди кон мигрантите“, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потсети дека Турција ги отвори вратите за сите, без оглед на расата и религијата, додавајќи дека Турција користејќи сопствени финансиски извори, потроши 32 милијарди долари за мигрантите.

 



Слични вести