Во руралното подрачје на Лиџе кај Дијарбакир се неутрализирани двајца терористи на ПКК

Екипите на командата на жандармеријата во градот Дијарбакир започнаа операција во руралното подрачје на населеното место Лиџе и неутрализираа двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1054855
Во руралното подрачје на Лиџе кај Дијарбакир се неутрализирани двајца терористи на ПКК

Во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани двајца терористи.

Според објавеното соопштение од губернијата на Дијарбакир, по добиени информации од страна на екипите на командата на жандармеријата во градот е започната операција во руралното подрачје на селото Акчабудак кај населеното место Лиџе.

Притоа во операцијата се неутрализирани двајца терористи на ПКК, а се запленети и една пешадиска пушка М-4, еден калашников, 3 рачни бомби, 8 шаржери и 225 куршуми.

Операцијата во подрачјето продолжува.



Слични вести