Со операциите внатре во земјата и надвор преку границата им се нанесуваат тешки удари на терористите

Турските вооружени сили (ТВС) со успешните операции кои што ги реализираат како внатре во земјата така и надвор преку границата не им дозволуваат на терористите ниту да трепнат

1054533
Со операциите внатре во земјата и надвор преку границата им се нанесуваат тешки удари на терористите

Еден по еден продолжуваат да се неутрализираат терористите, припадници на сепаратистчко-терористичката организација ПКК.

Турските вооружени сили (ТВС) со успешните операции кои што ги реализираат како внатре во границите на земјата така и надвор преку границата не им дозволуваат на терористите ниту да трепнат.

Последна адреса на операциите беше северниот дел на Ирак.

Турските вооружени сили (ТВС) реализираа воздушна операција на областите Авашин-Басјан, Метина, Зап и Гара на северот на Ирак.

Во операцијата беа уништени засолништата каде што се кријат терористите и беа неутрализирани 12 терористи.

Внатре во границите на земјата пак се реализираат операции против терористите на планините Аманос кај Хатај во близина на границата со Сирија.  

Планините Аманос поради непристапниот планински предел беа место каде што се засолнуваа терористите на ПКК кои бегаа од руралните подрачја на Сирија.

Меѓутоа по реализираната операција Маслиново граче беше прекината врската со подрачјето на Африн во Сирија и беа блокирани патиштата за бегство на терористите.

Во подрачјето кое што во текот на 24 часа се набљудува со помош на беспилотни летала ба реаизирани операции на претходно утврдени точки.

Во ова подрачје за 10 месеци беа неутрализирани 46 терористи.

Турските вооружени сили (ТВС) го соопштија билансот на реализираните операции во последната една недела.

Според тоа, за една недела во реализираните операции внатре во границите на земјата се неутрализирани 21 теорист, а надвор преку границата 35 терористи.

Воедно и во операцијата поддржана од воздух која што се реализира во руралното подрачје на населеното место Догубајазит кај градот Агри се неутрализирани 6 мина терористи на сепаратистичко-терристичката организација ПКК.



Слични вести