Хеико Мас: Турција одигра извонредно позитивна улога во разговорите за Сирија и особено за Идлиб

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека Турција одигра извонредно позитивна улога во разговорите за Сирија и особено за подрачјето на градот Идлиб

1054273
Хеико Мас: Турција одигра извонредно позитивна улога во разговорите за Сирија и особено за Идлиб

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас на одржаната заедничка прес-конференција по остварената средба со летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич во главниот град Берлин истакна дека својата остварена посета на Турција на почетокот на месецот ја оценува како почеток по прашањето на повторното нормализирање на билатералните односи помеѓу двете земји.

Мас напомена дека Турција одигра извонредно позитивна улога во разговорите за Сирија и особено за подрачјето на градот Идлиб.

Нагласувајќи дека Турција успеа да постигне договор со Русија по прашањето на формирање на демилитаризирана зона во подрачјето на градот Идлиб и дека тоа е мошне значајно за спречување на човечката катастрофа, Мас рече: „Оценуваме дека Турција одигра извонредно позитивна улога во разговорите во врска со Сирија и Идлиб.“

Мас истакна дека германските и турските министри престојуваа во зваемни посети и дека овие средби ќе продолжат и по претстојната посета на ретседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Германија, по што рече: „Покажуваме заинтересираност кон стабилноста на Турција во економска смисла.“ 

Мас појасни дека Турција може самата да ги донесува неопходните одлуки за воспоставување на стабилноста.

Велејќи „Сето тоа покажува дека е многу значајно тоа што се располага со односи со Турција кои што функционираат и на билатералмно и на меѓународно ниво“, германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас додаде дека на тоа ќе придонесе и претстојната посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Инаку, претседателот Ердоган ќе ја посети Германија на крајот на месецот.



Слични вести