Јилдирим: Ерменија треба безусловно да се повлече од окупираните азербејџански територии

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во говорот што го одржа пред пратениците во Националното Собрание на Азербејџан истакна дека Ерменија треба безусловно да се повлече од окупираните азербејџански територии

1054305
Јилдирим: Ерменија треба безусловно да се повлече од окупираните азербејџански територии

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим кој престојува во посета на Баку учествуваше на специјалната одржана седница по повод 100-годишнината од формирањето на Националното Собрание на Азербејџан (Милли Меџлис).

Јилдирим првиот дел од говорот што го одржа пред азербејџанските пратеници го одржа на азербејџански турски јазик и доби бурни аплаузи од пратениците. 

Велејќи дека Турција и Азербејџан се чеда на еден ист народ, Јилдирим рече: „Турција е Азербејџан, а Азербејџан е Турција.“

Бинали Јилдирим истакна дека има потреба од намалување на тензиите во светот кој што поминува низ тежок и бурен период, а воедно напомена дека конструктивната, одлучна и стабилна соработка помеѓу Азербејџан и Турција претставува добар пример по ова прашање.

Подвлекувајќи дека мирот, спокојството и безбедноста на Азербејџан заслужуваат секакви пофалби, Јилдирим рече: „Овие територии на кои различните верувања и култури живеат во мир, стануваат пример и за другите држави на Кавказ.“ 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим укажа на тоа дека најзначајното прашање во регионот кое долги години како е дојдено во состојба на гангрена е Нагорно Карабах кој се наоѓа под окупација, по што го додаде следното: „Без да се изнајде трајно решение за ова прашање не е можно да се елиминира ризикот од конфликт во Кавказ. Турција уште од самиот почеток ги поддржува очекувањата и барањата на Азербејџан. Ерменската држава треба безусловно да се повлече од окуопираните територии на Азерејџан, вклучувајќи го и Нагорно Карабах. Тие територии се азербејџански. Така беше досега и така вечно ќе остане.“ 

 



Слични вести