Телефонска дипломатија од Чавушоглу по прашањето на Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф и катарскиот министер за надворешни работи Мухамед Бин Абдурахман Ал-Тани

1052150
Телефонска дипломатија од Чавушоглу по прашањето на Идлиб

По постигнатата согласност помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи со која се спречи да се доживее една нова човечка криза во подрачјето на градот Идлиб во Сирија,  продолжува и дипломатијата на Турција.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф и катарскиот министер за надворешни работи Мухамед Бин Абдурахман Ал-Тани.

Чавушоглу ги информираше своите колеги соговорници во врска со содржината на постигнатиот договор помеѓу претседателот Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин по прашањето на подрачјето на градот Идлиб во Сирија.  

 



Слични вести