Чавушоглу: Според постигнатата согласност ќе бидат зачувани границите на подрачјето на Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека според постигнатата согласност ќе бидат зачувани границите на подрачјето на градот Идлиб во Сирија

1052002
Чавушоглу: Според постигнатата согласност ќе бидат зачувани границите на подрачјето на Идлиб

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерката за трговија Рухсар Пекџан во министерството за надворешни работи одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот со јорданскиот министер за надворешни работи Ејмен ес-Сафеди и со јорданскиот министер за индустрија, трговија и набавка Тарик Хамури.

Во оваа пригода Чавушоглу во врска со постигнатата согласност за Идлиб вчера помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин рече: „Требаше да изнајдеме решение за да се спречи бегалците или луѓето раселени од своите домови да го напуштат подрачјето. На крај изнајдовме решение на вчерашниот самит. Според овој меморандум за разбирање ќе бидат зачувани границите на подрачјето на Идлиб. Нема да има никаква промена во статусот на ова подрачје. И сите луѓе ќе останат на своите места.“

Мевлут Чавушоглу нагласи дека Русија ќе ги преземе неопходните мерки да не биде реализиран напад на Идлиб и режимот на Бешар Асад да не влезе во подрачјето.

„Турција и Русија ќе реализираат заеднички и координирани патролирања околу границите на подрачјето на Идлиб. За тоа треба да испратиме дополнителни воени единици.“ - рече Чавушоглу. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го напомениа и тоа дека до крајот на годинава ќе бидат отворени за сообраќај и автопатиштата кои што се значајни за подрачјето.

 

 

 



Слични вести