Започна средбата Ердоган-Путин во рускиот град Сочи на црноморскиот брег

Пред средбата во Сочи претседателот Ердоган изјави дека заедничкото соопштение кое ќе го објават со рускиот претседател Владимир Путин ќе влее нова надеж за подрачјето на Идлиб во Сирија

1051162
Започна средбата Ердоган-Путин во рускиот град Сочи на црноморскиот брег

Започна средбата помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во резиденцијата на претседателот во градот Сочи на црноморскиот брег.

Ова е втора средба помеѓу двајцата претседатели во последните 10 дена.

Пред средбата претседателот Ердоган даде куса изјава и рече: „Нашата размена на мислења во однос на многу прашања, политички, воени и економски се на димензија која ќе не зајакне меѓусебно. Во моментов очите на светот се вперени кон Сочи. Соодветното заедничко соопштение кои ќе произлезе од овде ќе влее нова надеж за регионот. 

Рускиот претседател Владимир Путин рече: „Постојат голем број прашања за кои што ќе разговараме. Истите и ќе ги преразгледаме и ќе ги бараме патиштата за решение.“ 

„Нашите односи (со Турција) се развиваат позитивно, трговски растат со доста интензивно темпо. Нашите односи се развиваат и од аспект на безбедноста во регионот. Освен тоа нашите односи се развиваат и во насока на меѓународната политика во обемни рамки.“

на средбата во Сочи двајцата лидери Ердоган и Путин разговараат за последните случувања кои што се доживуваат во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

На средбата Ердоган-Путин се очекува да бидат поставени на маса бегалскиот бран до кој што би можело да дојде при реализација на евентуален напад врз Идлиб, безбедноста на турските војници во подрачјето и напорите за изнаоѓање политичко решение во Сирија.

На средбата освен за последните случувања во подрачјето се разговара и за економски и енергетски прашања.

Денешната средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи е од големо значење по тоа што се одржува веднаш пред состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 26 септември посветен на прашањето со Сирија.

Инаку, Ердоган и Путин како последно се состанаа на самитот во Техеран на 7 септември посветен исто така на Сирија и во оваа прилика заедно и со домаќинот иранскиот претседател Хасан Рухани остварија троен самит по што одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот.

 



Слични вести