Во близина на Ајваџик кај Чанаккале фатени 60 илегални имигранти

Екипите на командата на жандармеријата во населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале фатија 60 илегални имигранти кои по незаконски патишта се обидувале да заминат за грчкиот остров Лесбос (турски Мидилли)

1051074
Во близина на Ајваџик кај Чанаккале фатени 60 илегални имигранти

Близу населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале се фатени 60 илегални имигранти кои по незаконски патишта се обидувале да заминат за грчкиот остров Лесбос (турски Мидилли).

Екипите на командата на жандармеријата во Ајваџик по добиени информации за група илегални имигранти во дворот на џамијата Фатма-Нури Еркан на брегот на селото Сазли веднаш преминаа во акција. 

Притоа фатија 60 илегални имигранти со авганистанско државјанство меѓу кои се наоѓаа и жени и деца кои се обидуваа да се скријат во дворот на џамијата.

Фатените илегални имигранти беа однесени во Командата на жандармеријата на Ајваџик и оттука по реализираните законски постапки беа однесени во Центарот за депортирање во населеното место Ајваџик.



Слични вести