Претседателот Ердоган денеска ќе отпатува за рускиот град Сочи на средба со Путин

На средбата Ердоган-Путин се очекува да бидат поставени на маса бегалскиот бран до кој што би можело да дојде при реализација на евентуален напад врз Идлиб, безбедноста на турските војници во подрачјето и напорите за изнаоѓање политичко решение во Сирија

1050925
Претседателот Ердоган денеска ќе отпатува за рускиот град Сочи на средба со Путин

Претседателот Реџеп тајјип Ердоган денеска во Сочи на црноморскиот брег ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата лидер на средбата ќе разговараат за последните случувања во подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

На средбата Ердоган-Путин се очекува да бидат поставени на маса бегалскиот бран до кој што би можело да дојде при реализација на евентуален напад врз Идлиб, безбедноста на турските војници во подрачјето и напорите за изнаоѓање политичко решение во Сирија.

На средбата освен за последните случувања во подрачјето ќе стане збор и за економски и енергетски прашања.

Денешната средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи е од големо значење по тоа што се одржува веднаш пред состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 26 септември посветен на прашањето со Сирија.

Инаку, Ердоган и Путин како последно се состанаа на самитот во Техеран на 7 септември посветен исто така на Сирија и во оваа прилика заедно и со домаќинот иранскиот претседател Хасан Рухани остварија троен самит по што одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот.

 



Слични вести