Кај градот Ван се фатени 72-јца, а кај градот Хатај 24 илегални имигранти

Во населеното место Башкале кај градот Ван во источниот дел на земјата во близина на иранската граница се фатени 72-јца илегални имигранти, а во руралното подрачје на населеното место Алтинозу кај градот Хатај на сириската граница 24 илегални имигранти

1050879
Кај градот Ван се фатени 72-јца, а кај градот Хатај 24 илегални имигранти

Во населеното место Башкале кај градот Ван во источниот дел на земјата се фатени 72-јца илегални имигранти кои влегле во земјата по незаконски патишта.

Екипите на командата на жандармеријата во населеното место сопреа две групи бегалци кои се обидуваа да преминат преку контролните точки кај местата Беблешин и Ѓузелдере формирани од страна на жандармеријата.  

При реализирани контроли беше установено дека 72-јцата бегалци од кои 4 жени и 2 деца со авганистанско и пакистанско државјанство влегле во земјата по незаконски патишта.

Фатените илегални имигранти по здравствената контрола во Државната болница во Башкале беа испратени во Управата за миграции во градот Ван.

Исто така и кај населеното место Алтинозу кај градот Хатај на сириската граница беа фатени 24 илегални имигранти кои биле во обид за префрлување од Сирија во Турција.

Турските погранични единици кои патролирале на сириската граница во руралното подрачје на населеното место Алтинозу утврдиле група илегални имигранти кои се обидувале да ја преминат границата со незаконски патишта.

Фатените 24 лица за кои беше установено дека се Сиријци и беа предадени на жандармеријата за сослушување.



Слични вести