Испратени нови воени возила, тешко оружје и командоски единици на сириската граница

Воениот конвој составен од хаубици, оклопни транспортери, тенкови и командоски единици преку населеното место Хасса кај градот Хатај и под безбедносни мерки замина за месноста Кирикхан, а оттука за пограничната линија со Сирија

1050315
Испратени нови воени возила, тешко оружје и командоски единици на сириската граница

Хаубици, оклопни транспортери, тенкови и командоски единици испратени од страна на Турските вооружени сили (ТВС) како зајакнување на воените единици на границата со Сирија пристигнаа во градот Хатај.

Воениот конвој составен од хаубици, оклопни транспортери, тенкови и командоски единици премина преку населеното место Хасса кај градот Хатај и под безбедносни мерки замина за месноста Кирикхан.

Оттука воените возила беа испратени на пограничната линија со Сирија.

Воените возила кои напредуваат под безбедносни мерки продожуваат да се испраќаат како зајакнување на воените единици распоредени на сириската граница кај подрачјето на градот Идлиб.



Слични вести