Претседателот Ердоган отпатува за Азербејџан

Претседателот Р. Т. Ердоган во претпладневните со специјалниот авион „ЏАН“ отпатува за главниот град на Азербејџан, Баку

1050095
Претседателот Ердоган отпатува за Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со специјалниот авион „ЏАН“ отпатува за главниот град на Азербејџан, Баку.

Претседателот Ердоган на аеродромот Хајдар Алиев во Баку беше пречекан од страна на заменикот азербејџански премиер Јагуб Ејјубов, заменик-министерот за надворешни работи Рамиз Хасанов, амбасадорот на Азербејџан во Анкара Хазар Ибрахим и амбасадорот на Турција во Баку Еркан Озорал.

Заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за Баку замина и министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Азербејџан ќе учествува на церемониите по повод 100-годишнината од ослободувањето на главниот град Баку на оваа братска земја.

Според објавеното соопштение од прес-центарот на претседателот, претседателот Ердоган во рамките на официјалната посета на Азербејџан  ќе учествува на церемониите што ќе се организираат по повод 100-годишнината од формирањето на Кавкаската исламска армија и ослободувањето на азербејџанскиот главен град Баку. 

На средбите и разговорите кои што ќе бидат оствареи во рамките на оваа посета се предвидува да бидат разгледани чекорите кои што би можеле да бидат фрлени за унапредување до уште повисоко ниво на стратешките односи и соработката со Азербејџан.

 



Слични вести